(ВИДЕО) Започнува кампањата на Агротим за новата ИПАРД 3: Искористете ја можноста да добиете грант од 60% за рурален туризам

Во очекување сме на повиците од програмата ИПАРД 3, грантови наменети за инвестиции во агрокомплексот и руралниот развој.

Најпопуларна мерка, според интересот во Агротим, е МЕРКА 7 – која опфаќа Рурален туризам, изградба или реконтрукција на хотели, ресторани, бунгалови, како и спортски објекти, ветеринарни амбуланти, старски домови, СПА центри, фризерски и козметички салони.

Преку ова мерка можете да набавите и машини и технологии за столарски работилници, механичарски и друг вид на бизниси кои се водат како услуги на рурално население. 60% од вашата инвестиција се неповратни средства од државата.

Најчитани вести