(ВИДЕО) Зголемено полициско присуство пред болницата „Св. Наум Охридски“, искршено возило, до него пиштол

Неколку минути после пладне денеска возило оштетено на едната врата и со искршено стакло се појавило пред болницата „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната Градска болница, а до него има и пиштол, објави ТВ21 од терен.

Неофицијално, имало најмалку едно повредено лице е веднаш хоспитализирано.

Забележано е присуство на полицајци пред болницата, кои вршат увид на местото на настанот.

https://www.youtube.com/watch?v=Rev9Z681H2k&feature=emb_title

Претходо две лица се повредени и пренесени во ЈЗУ-Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, кои биле повредени во деловен објект во село Љубош.

Од МВР за инцидентот соопштија дека денеска во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

– Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести