(ВИДЕО) Зошто Барак Обама пред ракувањето ја вади бурмата од рака?

Една претседателските работи е и ракувањето со луѓето, и тоа со многу луѓе.

Американскиот претседател Барак Обама за такви ситуации превзема посебни мерки на безбедност, но тоа не се однесува на дезинфекцијата на рацете туку на ракувањето, пишува „Вашингтон пост“.

На неодамнешната објавена видеоснимка јасно се гледа како Обама, приближувајќи им се на насобраните луѓе во Гринсбороу во Северна Каролина каде што присуствувал на митингот на Хилари Клинтон, пред ракувањето со граѓаните ја вади бурмата и ја става на сигурно – во џебот на панталоните.

Обама и неговата сопруга Мишел неодамна прославија 24-годишнина од бракот.

Иако е опкружен со агенти и се смета за најчувениот човек на светот, Обама изгледа повеќе му верува на својот џеб.

Можеби е поучен и од случајот на еден негов претходник.

Имено, по посетата на Албанија тогашниот претседател на САД Џорџ Буш се вратил без својот рачен часовник.

Агенциите тогаш ја емитуваа снимката на исчезнувањето на часовникот, а бројни шегобијци подоцна на социјалните мрежи продаваа часовници тврдејќи дека му припаѓале лично на Џорџ Буш.

Најчитани вести