Ана Ивановиќ, поранешната најдобра тенисерка на светот, не долго по разводот од Бастијан Швајнштајгер, ужива во друштво на друг маж, а сите се прашуваат кој е мажот поради кого српската убавица е со насмевка последниве денови.
Ивановиќ повторно се најде во центарот на вниманието откако го надмина брачниот бродолом, бидејќи објави видео на социјалните мрежи каде што е во друштво на непознат маж.
Споменатиот млад човек бил со Ана за време на тренингот, а тоа веднаш ги поттикна шпекулациите дека поранешната тенисерка веќе го преболела разводот од Бастијан Швајнштајгер.
Како што подоцна беше откриено, станува збор за Фран Моја, личен тренер од Мајорка, кој се смета за еден од најбараните фитнес инструктори.
Иако веројатно станува збор само за професионална соработка, моменталниот емотивен статус на Ана поттикна некои шпекулации за нивната врска. Во еден момент од видеото можеше да се види дека Моја кажал нешто што ја насмеало српската убавица, но поради музиката вметната во видеото, не е можно да се чуе за што зборуваат.
Сепак, очигледно е дека Ивановиќ ужива во друштвото на Шпанецот и дека не „паднала“ по разводот од поранешниот германски фудбалер.


