Богдана Ражнатовиќ денеска се породи и роди уште еден син!
Гордите родители на третиот наследник му го дадоа името Исаија, а бабата Цеца и Вељко, како и остатокот од семејството Ражнатовиќ беа пресреќни.
Екипата на Информер ги „улови“ пејачката и нејзиниот миленик пред породилиште во Нов Белград, а по тој повод фолкерката го истакна следново:
– Сега ќе видиме како е Богдана… Спиеше до сега. Фала му на Бога се помина добро. Внукот е најубав на свет. Бебето е мед, како крофна. Сеуште сум возбудена… Малиот Жељко е среќен, дома е. Што се однесува до друго бебе, тоа зависи од нив. На Богдана дефинитивно и треба малку пауза – изјави Цеца, а потоа откри дали учествувала во изборот на името.
– Се разбира не. Тоа се деца на Вељко и Богдана, а тие ги избираат имињата на нивните деца, јас ги избирав за моите – заклучи Ражнатовиќ за Информер.


