(ВИДЕО)Човекот кој троши милиони за да биде најздравиот човек на светот, вели дека маслиновото масло е незаменливо

Милионерот Брајан Џонсон (46), познат по својата опсесија со долговечноста, на која наводно троши повеќе од 2 милиони долари годишно за да „живее вечно“, е изненаден од тврдењето дека „екстра девственото маслиново масло е подобар сојузник во губењето тежина од Оземпик“.

Оземпик е лек кој беше одобрен во САД во 2017 година за третман на возрасни со дијабетес тип 2. Иако не е официјално регистриран како лек за слабеење, многу познати личности признаа дека го користат токму за оваа намена. Сепак, Џонсон тврди дека постои поприродна, подостапна и поефикасна опција, објавува Индекс.

Како гостин во подкастот „More Plates, More Dates “, Џонсон ги сподели своите размислувања за екстра девственото маслиново масло (EVOO), кое го нарекува една од најмоќните намирници за телото. Тој на шега рече: „Реков дека екстра девственото маслиново масло е подобро од NR, никотинамид рибозид, ледени бањи, термо терапија, вашата омилена емисија и што уште не – значи малку се шегував.“

Но, потоа на социјалните мрежи се осврна на студија која покажала дека луѓето кои редовно консумирале маслиново масло во текот на девет недели изгубиле во просек 1,1 кг повеќе од оние кои не го консумирале, со дополнителна придобивка од понизок крвен притисок.

Што велат експертите?

Спортската нутриционистка Абигејл Робертс од Bulk.com објасни за GloucestershireLive зошто екстра девственото маслиново масло е толку добро за телото:

„Маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини кои го стимулираат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат во согорувањето на телесните масти. Студиите покажаа дека испитаниците кои го консумирале изгубиле дури 80% повеќе масно ткиво во споредба со контролната група.“

Најчитани вести