Сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила рано утринава околу 4 часот по полноќ во близина на паркот „Аеродром“ на булевар АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче. Според првичните информации, едно момче било заглавено во автомобил кој чадел, но набрзо пристигнало возило на брза помош и момчето е итно пренесено во болница.
Засега нема дополнителни информации за други повредени. Во моментот полицијата врши увид на местото на несреќата.







