(ВИДЕО)Меси скрши рака на навивачка на Виљареал

Лионел Меси на вчерашниот дуел на Барселона против Виљареал учествувал во несекојдневна ситуација на фудбалските терени, јавуваат светските медиуми.

Во 15. минута од натпреварот, Аргентинецот упатил удар кон противничкиот гол, но тој завршил далеку во трибините, а топката удрила директно во раката на една навивачка на домашната екипа. Напуштајќи го стадионот, навивачката од силните болки ја загубила свеста, и завршила во болница.

На полувремето Меси дознал за овој инцидент и не сакал да го продолжи натпреварот.

Најчитани вести