(ВИДЕО)Погледнете како верверица ја лажирала сопствената смрт

На социјалните мрежи се појави неверојатно видео од верверица која ја лажира сопствената смрт.

На краткиот клип се гледа како верверицата ја турка метлата, поради што некој во собата нервозно реагира. Потоа брзо се оддалечила, но се вратила и ја зела рачката од метлата, легнала на грб, а потоа ја ставила врз себе преправајќи се дека е мртва.

Но, тоа не е се, бидејќи верверицата одлучила да направи уште поубедлива сцена,па ја поместила рачката од метлата кон нејзиниот врат, а потоа ги раширила шепите. Снимката беше прикажана и на австралиското ТВ шоу „ Sunrise.“

Најчитани вести