(ВИДЕО)Регионот плачеше поради оваа снимка: Сергеј Четковиќ ја бакна раката на уличен музичар, а сега неговиот живот му се менува од корен

Една сосема спонтана снимка го преврте животот на еден уличен музичар наопаку.

Кон крајот на мај, пејачите и пријатели Сергеј Четковиќ и Александра Радовиќ доживеале една прекрасна ситуација кога се прошетале во познатата белградска Скадарлија во 2 часот по полноќ. Сепак, не очекувале дека тогаш толку многу ќе ги допрат уличните музичари.

Имено, кога ги виделе, музичарите се собрале околу нив и ги отсвириле добро познатите тактови од песната „Нису ми дали да те волим“, во изведба на Сергеј Четковиќ. Тоа било момент на чиста човечност, без рефлектори, без протокол и без калкуалции. Сергеј застанал и почнал да пее со нив, потоа го отворил паричникот и ги почестил музичарите.

Сепак, кога Сергеј ја бакнал раката на уличниот музичар на крајот од песната, сите знаеле дека пејачот е навистина посебен човек, а видеото со брзина на молња е споделено на социјалните мрежи.

„Кога после една убава вечер во 02:00 часот екипа на Скадарлија ве поздравува и ве изненадува со „Нису ми дали да те волим“, напиша Сергеј на Инстаграм, каде и го објави ова видео.

„Браво момци, честитки“, им се обрати Александра.

Сепак, тука не е крајот. Талентираниот уличен музичар добил нова можност за подобар и поубав живот. И токму кога многумина помислиле дека тоа е само убав гест, стигнала потврда дека пејачот не го направил ова за кликови и лајкови, и дека Сергеј не го заборавил музичарот по виралното видео.

Напротив, тие снимија песна заедно, поточно дует, како би ја запознал публиката со дотичниот Милан Балиновиќ. Во новата верзија на песната „Нису ми дали да те волим“, можеме да го видиме Милан во нова верзија, облечен по најнова мода и со уредна фризура, а единственото нешто што останува исто е ангелскиот глас што го има.

Драги мои, по снимањето на Скадарлија и безбројните ваши прекрасни коментари и предлози за снимање дует, ви го претставувам мојот драг колега Милан Балиновиќ во нова, дуетска верзија на песната „Нису ми дали да те волим“! Уживајте“, напиша Сергеј и им се заблагодари на тимот луѓе кои, заедно со нив, учествувале во ова дело.

За потсетување, Сергеј ќе одржи голем концерт во Арена Загреб на 7 март 2026 година, каде што ќе го прослави својот 50-ти роденден со бројни обожаватели во пресрет на Денот на жената, пишува сцена.стори.хр.

Најчитани вести