Во најновата емисија на 360 степени погледнете ги репортажите од болниците во Солун и Софија каде што се лекуваат повредените од пожарот во Кочани.
– Репортажа од болницата „Папаниколау“ во Солун за текот на лекувањето на повредените во пожарот во Кочани – докторите воздржани, родителите вознемирени и истоштени од исчекување;
– И во софиската болница „Пирогов“ трае битката на лекарите за животите на осуммина повреди во стравотниот пожар: „Се бориме со второстепени проблеми, главно инфекции“, вели директорот на болницата; сведоштва од лекари во Итната помош, по потекло од Македонија, кои учествувале во транспортот на повредени;
– Пратеникот во бугарското Народно собрание, Манол Пејков, сè уште не ја предал собранатa донација од 27 илјади евра: „Сакаме парите да завршат кај оние на кои им се најпотребни“, вели тој; – Зошто актуелни директори не се опфатени со истрагата за трагедијата во Кочани
– од Јавното обвинителство одговараат дека „во однос на активностите на Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување… МВР продолжува да врши проверки…“;
– Во Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена го чекаат образложението од Владата за разрешувањето на двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика: „Ако судијата го разрешите среде мечот, тоа е мешање во независноста на судијата“, вели директорот Артур Лорковски;


