(ВИДЕО)Жена се разбудила среде ноќ од силна врева, затекнала огромен ѕвер во кујната: Не е змија, туку нешто многу полошо

Веројатно сте имале необична – или застрашувачка – средба со животните барем еднаш во животот, но приказната од индиската држава Гуџарат ги поместува границите.

Се започнало кога една жена среде ноќ ја разбудила необична врева во кујната, па ги алармирала домашните да проверат што се случува.

Со светилки го бркале „натрапникот“.

Загрижените луѓе влегле во кујната, а потоа виделе огромен лав кој влетал во нивниот дом низ дупка на покривот!

Семејството во шок побегнало надвор и ги алармирало соседите, пренесува Indian Express.

На објавеното видео се гледаат луѓе како со батериски ламби го осветлуваат дивиот ѕвер, обидувајќи се да го избркаат.

Прескокнал ѕид од 3,5 метри

Лавот претходно прескокнал ѕид висок 3,5 метри, додека домаќините спиеле, влегол во дворот и нашол отвор на покривот.

По неколку тешки моменти животното избегало и сите можеле да здивнат.

Властите подоцна објавија дека во областа биле видени пет лава. Еден од нив очигледно решил да провери дали има нешто интересно во кујната на несреќното семејство, пишува српски Телеграф.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести