Португалскиот фудбалски стручњак Андре Вилјаш-Боаш следните две години ќе го предводи Зенит од Санкт Петербург, соопшти денеска рускиот клуб.
Вилјаш-Боаш договорот ќе го потпише в четврток, по враќањето на Зенит од Дормунд каде утревечер го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Португалецот на клупата на Зенит доаѓа на местото на Италијанецот Лучијано Спалети. Италијанскиот стручњак минатата недела доби отказ поради лошите резултати во последно време.
Вилјаш-Боаш до декември минатата година работеше во премиерлигашот Тотенхем, а од позвучните клубови бил тренер и на Порто и Челзи.
]]>


