Љубовта на фамилијата Пуклавец за виното датира уште од далечната 1934г. Винаријата е лоцирана во североисточниот дел на Словенија (Штајерска Словенија), каде климатските услови се идеални за одгледување на бели сорти винско грозје (Шипон, Совињон Бланк, Ризлинг, Пино Гриџо) и има годишен капацитет од 4.500.000 литри вино.
Самата винарија е изградена и дизајнирана на 7 спрата, од кои пет спрата се под земја и винаријата оди во длабочина до 25 метри под земја, каде е и производството и зреењето на фин талог на нивните врвни пенливи вина.
Денес, винарија Пуклавец Фемили Вајнс е најнаградувана словенечка винарија на меѓународните оценувања за квалитет на вината и од 2009г. со големите инвестирања во нови технологии и во лозови насади, постигнува врвни резултати за производство на бели и пенливи вина, што овозможило добивање на најпрестижни светски награди како што е Платинум Медал за виното Шипон берба 2015 на Декантер во Лондон.
Винаријата има 600 хектари сопствени лозови насади и одлична соработка со кооперанти кои произведуваат грозје на површина од 350 хектари и од овие површини, годишно се произведуваат од 4 до 4.500.000 литри вино. Вкупниот број на вработени во компанијата (лозарство, винарија, маркетинг, комерција и продажба) е 142 и секој вработен допринесува да нивните вина се извезуваат и продаваат во 26 земји од светот (меѓу кои Холандија, Германија, Бразил, Кина, Сад, Русија итн) и се конзумираат во најпрестижните ресторани во светот, а нивните вина исто така летаат и со познати авио компании како KLM, Virgin Atlantic, Adria итн
Од 2009г до сега фамилијата Пуклавец во винарскиот бизнис има вложено околу 50.000.000 евра, а доста им помогнале и ЕУ фондовите од кои имаат црпено средства во износ од околу 12.000.000 евра.
Покрај сериозните инвестиции во Словенија од 2011г. се одлучиле да го прошират винскиот бизнис и инвестираат и во винарија во Македонија со цел да ги искористат идеалните климатски услови за производство на врвни црвени вина. Винаријата во Македонија е лоцирана во сред лозови насади на сончевите ридови во селото Дисан, покрај Неготино. Овде производството е “бутично”со капацитет од околу 400.000 литри квалитетно и врвно црвено вино. Денес, нивните црвени вина од Македонија се продаваат во светски трговски ланци како Waitrose, Albert Heijn, Spar итн. и имаат многу добар одзив кај потрошувачите и нивните очекувања се доста амбициозни со бербата од 2017г. која ќе биде полнета и под нивната ексклузивна линија 7Numbers које ќе биде претставена пред најпребирливите винољупци и ресторани на крајот од оваа година.
]]>


