Но, се почнало како мала игра на судбината во која се нашле двајцата браќа, Кирил и Ѓорѓи Богевски.
„Околу нас цел живот имаше лозја, родени сме во Кралската визба во Демир Капија, така што тоа е судбина. Сакаме вино откако знаеме за себе, и дома правевме по тон или два за пријателите затоа што беше дозволено да се продава. Кога почнавме да го градиме Бовин, многумина се сомневаа дека ќе опстане, затоа што покрај нас работеа винарии со скоро 100 милиони литри , но тоа не не обесхрабри. Сакавме да направиме нешто ново, што ќе се разликува, верувавме во нашата визија. Размислував како економист, нема смисла да работите бизнис за две марки, но за десет има.!
Така нашето вино во старт беше пет шест пати поскапо од останатите. Тоа ги охрабри и другите и така се создаде винската цена во Македонија“- вели Кирил, постариот од двајцата браќа, економист кој предходно работел 20 години во фабрика за кабли, додека не го пронашол својот вински пат.
А, од таа 1998 година Бовин го следи сопствениот пат на производство на висококвалитетни вина, од кои се бара шише повеќе, вина направени само во тие години на берба и во многу ограничени серии од неколку илјади шишиња. Никогаш не правиме копија од вино, тоа е здодевно. На крајот на краиштата, има само еден оригинал на песната “Мојот пат”, од Френк Синатра – објаснува Кирил Богевски, инаку “кум” на сите овие етикети и додава дека ова вино е за оние кои имаат пари, за секој што сака и може да плати таков оригинал. Самата винарија, се наоѓа на периферијата на Неготино, однадвор и не изгледа голема, бидејќи некако е сокриена во ридот и зеленилото, но внатре во подрумите и архивите се крие вистинско богатство. На покривот дури има и тениски и кошаркарски терен, и отворен базен. Винарија Бовин е една од ретките македонски винарија која живее само од сопствениот бизнис, има дабови дрва за своите буриња, користи уникатна технологија во подрумот, и во која насекаде се препознава мотото – My Way Мојот пат!
Во приказната за овие единствени вина од Македонија се вклучи и енологот Борис Нечев, кој вели дека цените не се одредуваат од око, туку дека тоа е макотрпна работа. Најпрво избираме лозје од околу три хектари, каде што грозјето има исклучително добра арома, тероар. Во нормални услови, од тие хектари треба да се соберат околу 60 тони вранец, за да се добијат околу 30-40 тони вино, од кои ќе се направат само 1.200 литри! Грозјето се суши, пресушува, останува мала количина, и нормално е дека цената е висока. Овој енолог со нескротлива енергија, бунтовност и страст токму каков што е Вранецот, кој се обидува да го скроти во подрумите, вели дека е реткост да се случи таква квалитетна берба, како што беше во 2011 и 2012 година, од која и излегоа моментално најексклузивните вина My Way, A’gupkа и Erа. Но ние сме нон стоп во лозовите насади, каде нашето грозје расте заедно со шумските плодови, и сите убавини на природата, и каде веруваме дека сеуште се крие нешто ново неистражено, нешто што ќе не изненади. Виното се создава на лозовите насади, а финализирањето е во винариите.
Вранецот постојано изненадува, кај него секоја нова голтка открива нешто ново, додава г. Ѓорѓи Богевски. Според него за да се успее, па дури и во Македонија каде постојат 85 официјално регистрирани винарии, мора да се креира нешто навистина уникатно, специфично, поквалитетно, што ќе се одвои од останатите вина. Зборот Бовин на кинески значи “богатство” , а токму такви се овие вина, вистинско богатство на вкусови, направени за уживање со сите сетила, кои откако еднаш ќе ги пробате, повторно сакате да се вратите на нив!
Повеќе на следниот линк: Радар.мк]]>


