Сакавме да тргнеме со време назад, за Скопје, да не не стемни. Не само за да не го утнеме патот, туку зашто е и толку тесен што, ако некој доаѓа од спротивната страна, речиси никако не можете да се разминете. Се смета дека Вир го добил името по тоа што има многу вода. Секоја куќа има бунар, но тие на пролет, кога се топат снеговите, претекуваат па уличките стануваат како речни корита. Главната уличка, пак, се претвора во река. Тоа обично трае до Петровден, 12 јули. После тоа во бунарите има вода, но не претекуваат. Мирјана Чакарова Извор: МИА]]>


