Вистеон електроникс“ до крајот на идната година планира да заврши со производниот процес во Македонија, ова го истакна директорот на Дирекцијата за зони Виктор Мизо. Тој потенцира дека во меѓувреме траат контактите со други компании кои на еден или на друг начин може да го искористат погонот на Вистеон за влез во Македонија и за проширување на нивните производства. – Додека тие разговори не завршат, не сум во можност да давам информации зашто се од сензитивна природа, но важно е дека вработените во Вистеон со сигурност ќе бидат згрижени во таа или некоја од другите компании во Македонија, потенцира Мизо. Вистеон, или некогаен Џонсон Контролс е првата фабрика која почна да работи во слободната зона Бунарџи, Во меѓувреме уште една фабрика во Бунарџик има проблеми во работенјето. Според информацијата која ја објав Телма Телевизија, вработените во фармацевтска компанија Продис не земале плата од, а производството одамна е сопрено а магацините се полни со чаеви и хомеопатски лекови наменети за извоз. Погонот кој беше отворен пред 3години,има и долгови кон неколку домашни компании па доверителите преку писма, биле информирани дека се бара начин како да се исплати долгот. Лошата финансиска состојба ја потврди и директорот Мизо. Во тек се преговори со нов странски инвеститор,рече тој а решението треба да се најде за една недела. -За проблемите во Продис запознаена е и владата која на странските инвеститори им нуди многу поволности мегу кои и ослободување од персонален данок. Поволностите и обврските потпишани во договорот со сите компании, се разгледуваат и ке се спроведат мерки рече Виктор Мизо, директор на дирекција за ТИРЗ. Освен овие две фабрики во Бунарџик работат уште Џонсон Мети, Текнохозе, Кемет Електроникс и Ван Хул
Извор: Eмагазин


