Вистински предизвик за актерката: Владее со империја од милијарди долари

Актерката Софија Вергара го игра главниот лик во новата серија на Нетфликс на озлогласената Гризелда Бланко, трговец со дрога.

Зад серијата стои креаторот на „Narcos“ Ерик Њуман. Колумбискиот режисер Андрес Баиз ќе ги режира сите шест епизоди.

Заплетот на серијата ја следи снаодливата колумбиска „претприемачка“ Гризелда Бланко, која го водела еден од најозогласените картели во историјата. Покрај сето ова, таа е и грижлива мајка, вешто балансирајќи го семејството и „работата“ по што со текот на времето го добила прекарот „Кума“.

„Гризелда Бланко била повеќе од лик во животот, жена чија безмилосна, но генијална тактика ѝ овозможила да владее со империја вредна милијарди долари години пред многуте од најозлогласените машки кралеви за кои знаеме“, напиша Вергара.

Проектот се развива веќе осум години, а на серијата работат неколку членови од тимот на „Наркос“.

Најчитани вести