Вистинските прашања до Никола Груевски

Професионален новинар во моментов не би го повикал Никола Груевски на интервју без да му ги постави овие прашања:

1. Зошто стимулирате немири помеѓу граѓаните и не дозволувате мирен трансфер на власта кога немате парламентарно мнозинство?
2. Зошто додека Вие преговаравте за формирање на Влада со ДУИ прифативте се, вклучувајќи ја и т.н. платформа, освен функционирањето на правната држава?
3. Зошто го кочите функционирањето на СЈО?
4. Зошто мора во толкава мера да го контролирате правосудниот систем?
5. Што Ви згреши толку Ѓорге Иванов за така да го приморате да го крши уставот и законите исклучиво во Ваша полза?
6. Дали Македонија е само “фамилијата” која Вие ја браните?
7. Во “бомбите” слушнавме како го договарате законот за јазици и амнестијата за хашките случаи, чии интереси тогаш ги штитевте и зошто тогаш не се кантонизира и федерализира Македонија?
8. Зошто сметате дека граѓаните Ви веруваат кога сте целосно разобличен?
9. Од каде Вие е огромната опсесија да бидете на власт и идејата дека државата ќе ја (с)нема доколку Вие не ја водите?
10. После се, нели се срамите господине Груевски?

Фејсбук статус на Перо Костадинов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести