Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на брифинг им го подели анкетниот лист на новинарите и рече дека неговото богатство е проценето на 27-28 милиони евра, пишува АКО.мк
,,Се гордеам со се што сум заработил во животот и затоа мојата имотна и фанинска состојба ја ставам со задоволство на увид на јавноста. Јас сум пример како од дете на стечајни работници некој може со сопствен труд да стане успешен во својата кариера“-рече Анѓушев.
,,Во Владата ќе работам про-боно, бидејќи не би било во ред некој со мојата финансиска состојба да зема плата и од државата. Целиот мој личен доход од 81 илјади денари ќе го донирам. Половина од платата секој месец ќе ја донирам на 4 различни семејства кои се социјални случаи, а другата половина ќе оди во фонд за стипендирање на талентирани ученици“ рече Анѓушев.
Анѓушев анкетниот лист, пополнет своерачно, првин им го подели на новинарите, а рече дека истовремено е испратен во Комисијата за спречување корупција.
Во анкетниот лист е целиот негов имот и фанинсиски средства кои се искажани во банкарски заштеди или во влогови и акции во фирми кадешто е сопственик. Имотот го поседува со неговата сопруга.
Тој пријавил дека поседува куќа во Скопје во вредност од 21 милион и 525 илјади денари. Куќа на Халкидики во вредност од 15 милиони денари.
5 стана во Скопје и еден во Белград. Три моторни возила марка Масерати, Порше Каен и Мини Кантримен, 4 рачни часовници во вредност од 2.500.000 денари…


