
Според заклучокот од последната владина седница, за оваа иницијатива се задолжени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, кој на денешниот состанок бил претставен од заменик-министерот Филип Николоски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчовска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот за образование и наука Јетон Шакири.

-Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на состанокот истакна дека оваа иницијатива на Владата е да се најде институционален начин за редовно усогласување на платите во јавниот сектор низ социјален дијалог од кој, како во случајот со минималната плата и пензиите, донесе резултат кој беше оценет како историски и кој ќе се однесува на сите 133 700 вработени во јавниот сектор, информира прес-службата на Владата.


