Владата денеска планира да не задолжи со 42 милиони, за утре да врати 41 милион евра

За денеска Владата планира повторно да се задолжи, и тоа да позајми нешто над 42 милиони евра. Се работи за две аукции на државни записи со рок на доспевање од 182 денови и 364 денови.

Парите од ова задолжување ќе се искористат уште утре, кога Владата треба да врати 41 милион евра, исто така на домашните кредитори, за претходни задолжувања кои достасуваат за плаќање.

Викендов Министерството за финансии соопшти дека за третиот квартал од годинава државниот долг изнесува 36 отсто од БДП и споредбено со вториот квартал претставува намалување за 5,2 милиони евра односно за 0,1 процентен поен. Јавниот долг изнесува 43,9 отсто од БДП додека претходниот квартал изнесувал 43,7 отсто, соопштија од министерството.

Најчитани вести