Оризот од реколтата 2014 го продадовме во 2015 по цена од 22 до 25 ден/кг. арпа.
Оризот од реколтата 2015 стои непродаден. Откупувачите даваат цени кои не ги покриваат ни трошковите направени за призводство. Владата излезе со мерка дека таа ќе даде плус 5 денари (за површина до 2 хектари), односно 4 денари (за површина од 2 до 10 хектари) и 3 денари за површина над 10 хектари) по килограм. Таа мерка важеше само за продаден ориз од 1 – 31 Јули…чудно ама така е…веќе не важи.
Значи, го продаваш оризот по цена од 12 до 15 денари. Поднесуваш документација за тоа во МЗШВ со надеж дека ќе ти додадат 5, односно 4, односно 3 денари.
И сега, глупите, и оние со испрани мозоци од вмровските телевизии, портали или штабови, ќе речат ДОБРО Е, ВЛАДАТА ВИ ДАВА ПАРИ, а во суштина ВЛАДАТА ИМ ДАВА ЏАБЕ ОРИЗ НА ОТКУПЦИТЕ на сметка на нас оризопроизводителите.
Значи, ако лани сум го продал оризот по 23 денари, сега, дури и да ја фатев таа мерка на владата, а не ја фатив и не сакав да ја фатам, немаше да добијам повеќе од 18 – 19 денари…ако вопшто некој и ги добие тие пари…
Фејсбук статус на Јордан Анакиев


