Во грчкото село Мелики, Иматија (во централниот дел на Егејска Македонија), по половина век ја открија чудотворната икона на Пресвета Богородица Меликиотиса, која ги запазила жителите на селото во времето на граѓанската војна во земјата, во текот на 1947 година. Богородичната икона, којашто е поставена во храмот „Св. Параскева“ е уникатна по тоа што на неа има траги направени од 55 куршуми… Локалното население смета дека нејзиното откривање после толку години е знак за Божјото благоволение кон нив. На 17 март 1947 год., граѓанската војна ја опфаќа целата област. Неколку десетици војници заедно со жените и децата се кријат во храмот „Св. Николај“. Тие, сепак, биле предадени и опколени. Од надвор бил отворен оган и кога партизаните се втурнале во храмот, останале поразени – ниту еден од војниците внатре не бил ранет. Сите куршуми биле врз иконата на Пресвета Богородица. Единствено место на иконата, кое останало недопрено, било лицето на Божјата Мајка.
Извор: Бигорски манастир
]]>


