Во Хрватска овие денови се води расправа за тоа дали треба да се задржи или да се укине минималната плата, или треба само да се прилагоди на просечните плати.
Сојузот на самостојните синдикати на Хрватска покрена иницијатива со цел минималната плата во иднина да се одредува во однос на просечната исплатена плата, така што со закон би се уредило таа да биде во висина на половина од просечната бруто плата, која ја објавува Државниот завод за статистика.
Тоа би значело дека постојната минимална плата да се зголеми од 3.029,55 куни (394 евра) на околу 3.180 куни (413 евра), при што точниот износ зависи од даноците и поединечните лични бенефиции.


