Данска државјанка пријави дека била жртва на групно силување во популарниот трговски кварт во главниот града на Индија, Њу Делхи, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Раџан Багат изјави дека 51-годишната жена се загубила и побарала помош од група млади мажи, кои ја одвеле на скриено место, каде ја силувале и ја ограбиле.
Тој посочи дека сè уште никој не е уапсен.
Амит Бахл, сопственикот на хотелот каде жената претстојувала синоќа наведе дека се јавил во полиција и во Амбасадата на Данска откако жената се вратила во хотелот.
]]>


