Во јули Македонската берза со пад на прометот за 72%

Во месечниот извештај за работењето на Македонската берза во месец јули стои дека прометот на берзата во овој период паднал за 72,61%, а бројот на трансакции за 34,56%.

Во јули биле реализирани 909 трансакции и промет од 119.787.481 денари.

Единствено берзанскиот индекс МБИ 10 има раст од 1,06%, односно затворил на 1.658 индексни поени.

Според извештајот само 3% од инвеститорите се странски физички и правни лица, а остатокот од 97% се домашните вложувачи.

Извор: Емагазин

Најчитани вести