Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки на подрачјето на Куманово.
При контролата, во седум од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2403 пачиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки. Изготвени се записници за констатирана состојба, информираат од полицијата.


