Во „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички пронајдени и запленети 10 килограми хероин

Министерството за внатрешни работи во содејство со Царинска Управа на Република Македонија (мобилни тимови) реализира случај на недозволена трговија  со дрога – хероин, при што запленети се околу 10 кг хероин со што е пресечен меѓународен канал од Р.Турција до Р.Македонија. Имено на 18.03.2014 година во 03,30 часот на ГП „Богородица“ на влез во Р.Македонија се пријавило ПМВ „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од лицето С.С.(32) и  И.И.(22) совозач, двајцата од Скопје. Од страна на царински службеници  во содејство со полициски службеници преземени се мерки на царинска контрола над возилото и личен претрес на лицата при што во  праговите од ПМВ пронајдени  се 19 пакување обвиткани со селотејп трака исполнети  со непозната прашкаста материја бела боја. Одземената прaшкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  при  МВР на РМ  заради вештачење. Лицата се лишени од слобода и по  целосно документирање на случајот заедно со кривична пријава  поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „ Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дорги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Р.Македонија, ќе  бидат предадени  на надлежен истражен судија. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на големо во Р.Македонија би достигнал цена од 240.000 евра,  додека  надвор од земјава  над 300,000  евра.    

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести