Точно на полноќ меѓу 18 и 19 јануари се отвара небото и се јавува Бог, затоа православните верници, ја замислувааѕ својата желба која сакаат да им се исполни. Има едно старо верување дека девојките кои оваа ноќ ќе стават огледалце под перница ќе го сонат својот сопруг.
Сепак најпознат обичај е точно на полноќ да се излезе надвор,да се погледне во небото и да се замисли желба.
Исто така според народните верувања какво ќе биде времето на Водици таква ќе биде и годината, ако има снег верувањата се дека годината ќе биде плодна додека ако е времето сончево тогаш ќе имаме сушна година.
На Водици се пе осветена вода бидејќи се верува дека има лековити својства и штити од нечисти сили и треба да се чува во домот до следното Богојавление. Се верува дека оваа „ вода“ никогаш не се расипува, бидејќи во неа престојува силата на Светиот Дух.
На Водици не треба да се работи ништо по куќа, никогаш не треба да имате лоши мисли, немојте некому да посакувате зло и не бидете злобни.


