Во октомври имало повеќе од 250 000 блокирани сметки

За една година вкупната бројка на блокирани сметки е зголемена за повеке 46 000.

Податоците на НБРМ покажуваат дека во октомври имало вкупно 253 862 блокирани сметки од кои околу 183 353 се на физички лица, а другите се на фирми, односно правни лица.

Ова покажува влошување на економската и финансиската кондиција на населението, немање пари за подмирување на долговите кон државата, банките и мегу самите фирми.

Надолен тренд се бележи и во делот на новоотворени фирми. За само еден месец нивниот број се намалил за 1.888.

Освен бројот на блокирани сметки, не запира трендот на нефункционални кредити.

Спорните и сомнителни побарувања во ноември достигнале над 494 милиони.

Најголем е долгот за кредити во денариа повеке должници има мегу компаниите.

Најчитани вести