Во овој град на Јадранот паркингот е прескап: Црногорците ја зголемија цената на 4,8 евра на час

Како една од најпосетуваните дестинации на црногорскиот брег, општина Котор донесе промени кога станува збор за цената на паркирањето во строгиот центар покрај морето.

– За паркингот Рива во Котор, цената за паркирање по час за патнички возила во летната тарифа е 4,80 евра, во зимската тарифа 2,40. На паркингот Беново, цената за патнички возила е 1,90 евра во летната тарифа, а 1,10 евра во зимската, соопшти комуналното претпријатие.

Д.О.О. „Комунално Котор“ Котор воведе попусти и бенефиции за жителите на Општина Котор на таков начин што тие можат да го остварат правото на попуст во износ од 50 проценти од цените дефинирани за паркингот „Рива“, за првиот час паркирање, со обврска да покажат важечка лична карта на вработен во ДОО „Комунално Котор“ на наплатната рампа.

Корисниците на паркингот „Беново“ имаат право на бесплатен паркинг во текот на првите 15 минути помеѓу 7 и 8 часот наутро во работните денови (понеделник-петок), објави Курир.рс.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести