Во пожар во Дебреште настрада 84-годишна жена

Осумдесет и четиригодишната Е.И. настрада во пожар што избувна утрово во помошна просторија на семејната куќа во селото Дебреште, општина Долнени. Екипите од полицијата и од обвинителството се уште се на местото на пожарот и прават увид. Противпожарната единица од Прилеп интервенирала и успеала да го локализира пожарот.

Според заменик јавниот обвинител Маријана Илиеска, пожарот избувнал околу 6:50 часот во помошна просторија, веднаш до главната семејна куќа каде што живеела Е.И. Најверојатно, пожарот го предизвикала електрична грејалица. Огнот прво ги зафатил алиштата на бабичката, која успеала да излезе од просторијата во дворот, но било доцна. Во дворот, падната ја нашле синот и внукот на Е.И. Лекарската екипа констатирала изгореници од трет степен.

Пожарникарите интервенирале веднаш, нешто по 7 часот со две возила и успеале да го локализираат пожарот да не ја зафати семејната куќа. Нема да се изврши обдукција на телото на Е.И. бидејќи, како што вели заменик обвинителот Илиеска, причините се јасни за несреќата. ]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести