Во пожар во Струмица изгореа три куќи, две лица повредени

Покривите на три куќи во Струмица на улицата „Крушевска Република“, над Момин бунар, целосно изгореа во пожар кој бил пријавен денеска во 10:56 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

– Денеска во 10:56 часот на улица „Крушевска Република“, над Момин бунар, ТППЕ Струмица со пет противпожарни возила и 18 пожарникари интервенираше на гасење на запалени куќи. Опожарени се вкупно три куќи и причинета е значителна материјална штета. Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица кои беа повредени од пожарот и да ги предадат на екипите на брза помош, информираат од ТППЕ Струмица.

Пожарот, како што посочуваат од ТППЕ Струмица, е целосно локализиран, пожарникарите остануваат на локацијата заради евентуално разгорување поради високите температури.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести