Полицијата во Прилеп пресече илегален канал на недозволена трговија со наркотични средства и до прилепското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Б.(20) од Република Албанија и Ф.Џ.(47) од Охрид, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прокурсори”.
Заплената е реализирана од Одделението за илегална миграција и прекуграничен криминал при Регионалниот центар „Југ” и Полициската станица Прилеп на 15 јануари, кога пријавените лица организирале транспорт на наркотична дрога – марихуана од Албанија преку Македонија со цел нејзина продажба во Грција.
Пријавените во вечерните часови на 15 јануари додека се движеле со такси возило кај с.Витолишта, биле забележани и сопрени од униформирани полициски службеници на Гранична полиција. При извршена рутинска контрола и преглед на возилото, во задниот дел во багажникот во патна торба, пронајдени се две црни полиетиленски вреќи со марихуана со тежина од 6.370 гр.
Од страна на судија за претходна постапка при Основниот суд Прилеп на пријавените лица определена им е мерка притвор во траење до 30 дена.
]]>


