Триесет и седум годишниот скопјанец кој со возило „опел“ ја удри и ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска вечерта на 7-ми јули ќе биде притворен откако судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на надлежниот обвинител да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Во текот на вшерашниот ден Јавното Обвинителство објави соопштение во кое според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол.
Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.
Тодоровска Павловска почина на лице место, откако во неа со сета брзина удрил автомобилот марка Опел-Корса. Возилото кое со огромна брзина се движело по улицата „Васил Ѓоргов“, излетало од коловозот и преку тротоарот, по кој се движела Павловска, се забило во еден од излозите на продавниците во зградата од спротивната страна.
СузанаТодоровска Павловска долги години беше дел од тимот на редакцијата на Македонското радио, а во последните три години беше главен и одговорен уредник на Вториот програмски сервис.


