Во сообраќајка кај Зајас повреден братот на Али Ахмети

Едно лице го загуби животот, а две се потешко повредени при сообраќајната несреќа што синоќа се случи кај село Зајас, објави Нова Македонија.

Во сообраќајката учествувале три возила: патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, товарно моторно возило – комби со гостиварски регистарски ознаки, брендирано од „Пепси“ и трактор.

Во несреќата животот го загубил возачот на комбето, додека со потешки повреди се здобиле лицата што ги управувале патничкото возило и тракторот, но и двајцата се вон животна опасност. Причина за сообраќајната несреќа била слабата видливост на коловозот и непрописното престигнување на едно од трите возила.

Како што јави порталот Република, тракторот бил управуван од Ведат Ахмети, брат на Али Ахмети.

Во полицијата ја потврдуваат информацијата за несреќата, а за денеска најавуваат подетални информации.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести