Во Струга убиен Артан Муслиу – функционер на ДУИ и заменик директор на УЈП

Со 5 куршуми попладнево во Струга е убиен функционерот на ДУИ, Артан Муслиу, инаку заменик – директор на УЈП во Струга, јави Лајм.

Како што пишува весникот, тој се сметаше за близок со вицепремиерот Муса Џафери.

Не се познати сторителите на ова убиство, ниту точните мотиви. Од полицијата се уште не ја потврдиле информацијата. Муслиу е добро познат како бизнисмен во Струга.

24 Вести јави за пукање во Струга, а неофицијално се работи за заменик директорот на УЈП.

Според неофицијални информации, во него денеска околу 13 часот е пукано од автомобил кој што се движел.

Информацијата за 24 Вести ја потврдиле од ДУИ од каде порачуваат дека не се работи за внатрепартиска престрелка.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести