Во Струмица Саем на социјални иновации – UPSHIFT

Саем на социјални иновации – UPSHIFT  ќе се одржи од денеска до 20 мај во Струмица во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој – LEAD, во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ.

На саемот ќе учествуваат тимови од 15 средни училишта од Пелагонискиот регион кои ќе ги презентираат своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина. Настанот има за цел да ги претстави конкретните идеи и ученички проекти развиени преку UPSHIFT процесот, кои имаат потенцијал за локална имплементација и позитивно влијание во училиштата и заедниците.

-Присутни ќе бидат општински претставници од сите засегнати општни. За медиумите ќе биде овозможено следење на презентациите на ученичките тимови, снимање на атмосферата од саемот и земање изјави од организаторите, претставници на УНИЦЕФ, ученици-учесници, наставници и општински претставници. Дополнително, медиумите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од проектите и со начинот на кој младите пристапуваат кон решавање на предизвици поврзани со климатските промени и животната средина – се наведува во соопштението.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која ги поттикнува младите активно да идентификуваат проблеми, да размислуваат критички и да развиваат решенија со реална примена. Програмата се реализира во партнерство со УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието, а преку овој проект започнува процес на интеграција на UPSHIFT како изборен предмет во наставната програма во средните училишта од учебната 2026/2027 година. 

МИА

Најчитани вести