Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доделува ваучери за интертер клими за граѓаните. На доделувањето најавено е присуство на министерката за енергетика Сања Божиновска.
Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23 000 денари или 25 000 денари се 4 591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30 000 денари се 1 591 домаќинство.


