(ВО ЖИВО) Следува најинтересниот дел: Кој ќе победи на Евровизија 2022?

Сите 25 учесници од 25 земји во финалето на “Евровизија 2022” завршија со своите настапи. Во моментот е ревијалниот дел и гласањето по што ќе следи и прогласувањето на победникот.

Според обложувалниците, најголеми шанси за победа има Украина, околу 60 %, а по неа следуваат Велика Британија и Шведска.

Годинава заедно со Европа се натпреварува и Австралија со свој претставник, а Русија и Белорусија немаат право да учествуваат. Имено, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) уште во февруари објави дека ниту еден руски изведувач не може да настапи на овогодинешното евровизиско издание, а истото важи и за блискиот сојузник на Русија, Белорусија.

https://youtu.be/VhyLh5sGRRI
]]>

Најчитани вести