Од Институтот посочуваат дека старите документи од претходната поставка се зачувани во електронска форма и заедно со нови фотографии и документи, сведочат за целиот живот на Мисирков, почнувајќи од детството, преку училишните клупи и студиите до образовната, научната, дипломатската и револуционерната активност на првиот кодификатор на македонскиот јазик. Посебно место зазема книгата „За македонцките работи“, објавена во револуционерната 1903 година, пред цели 118 години.
Со оваа подновена и осовременета поставка се одбележува 95-годишнината од смртта на великанот Крсте Мисирков.
На отворањето, како што е најавено, присуствуваат и министерка за образование и наука Мила Царовска и градоначачник на Град Скопје, Петре Шилегов.
Видеото погледнете го следниот линк.
]]>


