Вознемирувачки сцени од Делхи: Таквиот мирис на смртта никогаш не ве напушта


Вториот бран на коронавирусот во Индија денеска го достигна својот пик, предупредувајќи голем број западни земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, САД и Франција да испратат итна медицинска помош и опрема за да ѝ помогнат на земјата во кризата што ги пренатрупа индиските болници.

Велика Британија веќе испрати 600 пакети со медицинска помош кои вклучуваат 495 резервоари за кислород и повеќе од 100 респиратори, а авионот со опремата треба да слета во Делхи утре, вторник, наутро.

Бројот на заразени се искачил на 352.991 во последните 24 часа, а болниците не можејќи да се справат со силата на бранот, одбиваат пациенти поради малиот број на кревети и недостаток на кислород.

„Во моментов, состојбата во болниците е крајно критична“, изјави портпаролот на болницата „Сир Ганга Рам“ во Њу Делхи.

Во неделата, премиерот Нарендра Моди ги повика сите граѓани да се вакцинираат и да бидат претпазливи. Во некои најтешко погодени градови, телата се кремираат во импровизирани објекти.

Телевизијата НДТВ објави фотографии на кои се гледа како тројца здравствени работници во Бихар влечат тела по земја носејќи ги на кремирање.

-Ако никогаш не сте присуствувале на кремирање, тоа е мирис на смрт што никогаш не ве напушта. Срцето ми се крши поради сите мои пријатели и семејството во Делхи кои минуваат низ овој пекол – напиша на Твитер, Випин Наранг, професор по политички науки на Технолошкиот институт во Масачусетс.

Радикални методи

Во индискиот главен град Делхи владее голем хаос. Облаци со чад лебдат над градот како резултат на кремирања на телата на починатите од Ковид 19, додека по улиците полицијата се обидува да воведе ред и да ги натера луѓето барем да носат маски. Судејќи според фотографиите и видеата што доаѓаат од земјата, изгледа како да се работи за невозможна мисија. Исто така, некои медиуми пишуваат дека и самите граѓани прибегнале кон радикални методи и дека масовно и присилно ги заклучуваат соседите за кои веруваат дека се заболени од коронавирус.

Индија со 1,3 милијарди жители досега има вкупно 17,48 милиони заболени и 195.123 смртни случаи. Во текот на изминатата ноќ починале 2.812 лица, објави нивното Министерство за здравство, иако здравствените работници велат дека бројот ќе биде многу поголем.

Големината на вториот бран ги сруши и цените на нафтата, а трговците се загрижени за падот на побарувачката на гориво кај третиот најголем увозник на нафта во светот.

Неколку градови воведоа полициски час, додека полицијата обезбедува социјално растојание и носи маски.

Избори
И покрај сè, околу 8,6 милиони гласачи гласаат во источната држава Западен Бенгал, во претпоследниот дел од изборите што се одржуваат во осум фази и ќе завршат оваа недела.

Гласањето на локалните избори се одвива и во најнаселената држава Утар Прадеш, која бележи просечно по 30 000 инфекции на ден.

Апелот на премиерот за вакцинација уследи откако 4,5 милиони луѓе беа вакцинирани за еден ден, на 5 април, но после тоа бројот падна на просечно 2,7 милиони дози на ден.

Но, и во Индија, снабдувањето со вакцини заостанува зад побарувачката, делумно поради недостаток на суровини и пожарот во фабриката за вакцини „АстраЗенека“.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести