Чешката тенисерка Петра Квитова беше нападната со нож во нејзината куќа, на крајот од минатата година.
Извесно време по нападот, се појави фотографија од повредата на раката и изгледа навистина вознемирувачки и страшно.

Потсетуваме дека крадецот со нож и нанесе сериозна повреда на раката, а несреќната Петра речиси остана без прсти од левата рака, истата рака со која го држи тенискиот рекет.
Хирургот Радек Кербл рече дека тенисерката го ставила својот живот во опасност. Напаѓачот замавнал со ножот кон нејзиниот врат, а Петра се одбранила со левата рака. Операцијата за спасување на раката траеше 4 часа.
За среќа, сè беше добро, а неколку месеци подоцна, Квитова повторно играше.
Таа требаше да се опорави во рок од шест или седум месеци, но за среќа се врати да се натпреварува уште на Ролан Гарос. На последниот натпревар одигран во Њу Хејвен ( на кој загуби од Шуаи Жанг) Квитова призна дека се уште не се чувствува 100% спремна.
Сè се случи поради 200 евра колку што провалникот успеал да украде од нејзината куќа.


