Кривична пријава е поднесена против 65 годишна жена која била ангажирана како дадилка за да чува девет месечно бебе, додека неговите родители биле на работа.
Наместо тоа, дадилката го тепала, штипела и малтретирала бебе за што сведочи и видео снимката во продолжение, која е објавена со согласност на родителите. Тие поставиле скриена камера во нивниот дом откако на бебето забележале модринки.
-Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување. По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото, соопштија денес од Јавното обвинителство.
Снимката на својот Фејсбук профил ја објави тетката на бебето:
Пријатели…
Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео…Сакам сите да видите што држи земјава….
Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите,а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан…
Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден…Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!
Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…
На ова никој нема да остане рамнодушен!
Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!
Фала му на Бога Даријан е добар…
Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање…
Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи.
Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!
Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња…И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!
СПОДЕЛУВАЈТЕ!


