Несреќата се случи на 4 август годинава, а во неа загинаа најмалку 180 луѓе. Во експлозијата предизвикана од 3000 тони експлозивен амониум нитра повредени се и околу 6000 луѓе, а околу 30 лица се сметаат за исчезнати.
Штетата предизвикана од оваа катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут се проценува на над 15 милијарди долари. Тоа го соопшти либанскиот претседател Мишел Аун.
– Прелиминарните проценки за материјалната штета по експлозијата во пристаништето се над 15 милијарди американски долари, изјави претседателот вчера во телефонскиот разговор со шпанскиот крал Фелипе Шести.
Либанските обвинители ќе почнат со сослушување на министрите и поранешните министри за тоните нитрати амониум што ја предизвикаа смртоносната експлозија на 4 август.
Таа трагедија, покрај економската криза засилена од епидемијата на Ковид-19, предизвика силен гнев против либанската влада и доведе до оставка на владата.
]]>


