ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Новинарка и снимател убиени додека се јавувале во живо

Репортерка и снимател на локална телевизија во местото Roanoke во американската држава Вирџинија се убиени утрово во текот на директен пренос, јави нивната станица VDBJ7.

Инцидентот се случил во областа Бедфорд кога во текот на снимањето на интервју во еден трговски центар одеднаш се слушнале пукотници, а потоа и викањето на помош на новинарката и соговорничката кои се обидувале да се сокријат.

VDBJ7 јави дека загинале новинарката Alison Parker (24) i снимателот Adam Ward (27).

Најчитани вести