Вооружени маскирани лица со калашникови упаднаа во просториите на неделникот „Шарли Хебдо“ на булеварот Ришар леноа во центарот на Париз, по што отвориле оган од автоматско оружје, јавува дописникот на МИА од Париз.
– неодамна двајца мажи со црни качулки влегоа во зградата со Калашникови. Неколку минути подоцна чувме многу истрели, расажа очевидец за француските медиуми.
Претставник на полицијата соопшти дека еден новинар е убиен, а тројца полицајци се повредени.
На снимките се гледа и брутално убиство на полицаец во кого е пукано од непосредна близина.
Француските агенции јавуваат дека се убиени повеќе познати карикатуристи. Сите се наоѓале во редакцијата на овој сатиричен весник бидејќи во среда се одржувал неделниот состанок на редакцијата.
Една карикатуристка објаснува дека ги видела напаѓачите кога доаѓала во редакцијата. Таа се скрила под една маса и слушнала дека зборувале француски и велеле дека ова го прават во име на Ал Каеда.
Според полицијата лицата влегле во редакцијата и почнале да пукаат врз сите присутни. Нападот почнал во 11.30, а потоа имало и размена на оган со полицијата.


