Вработените во државниот загубар „Охис“ денеска повторно протестираа пред Владата. Си ги бараат заостанатите плати кои, велат, ги имаат чесно заработено, јавува 24 Вести.
Околу 800 охисовци со години чекаат од државата да им исплати до 24 плати. Дел од нив се под завод и примаат по 7.000 денари месечно, но се жалат дека не можат да преживеат со тие пари.
Државата досега распиша десетици огласи за продажба на хемискиот комбинат, но не успеа да најде купувач.
Извор:24 Вести


