Втор ден од завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија

Во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид денеска се играат преостанатите два четвртфинални натпревари од завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија. Први на теренот ќе се појават осумкратниот победник на ова натпреварување Работнички и ланскиот финалист Куманово. Според најавите ова би требало да биде најизедначениот четвртфинален дуел. Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот.

Во последното четвртфинале ќе играат Лирија и Карпош Соколи, а натпреварот почнува во 20:15 часот.

Победниците од овие два натпревара во сабота ќе играат во второто полуфинале (почеток 20:15 часот), додека во првото (почеток 17:30 часот) ќе играат победниците од вчерашните дуели МЗТ Скопје Аеродром (бранител на трофејот) и Кожув.

Во четвртфиналето вчера: МЗТ Скопје Аеродром ја победи Струмица со 100:75, а Кожув беше поуспешен од Фени Индустри со 76:59.

]]>

Најчитани вести